Балкан

Опозицијата во Албанија го бојкотира Парламентот

Опозицијата во Албанија го бојкотира Парламентот

Главната опозициска сила во Албанија, Демократската партија го бојкотира Парламентот како знак на незадоволство бидејќи коалицијата, предводена од социјалистите не обрнува внијмание на нејзините предлози.

Лидерот на демократите Љуљзим Баша вчера ја објави одлуката за бојкот, кога Парламентот ја почна работата по летните одмори, нагласувајќи дека неговата партија „не била заштитена, туку напаѓана“.

Засега не е познато колку ќе трае бојкотот. Се очекува овој чекор да има мало влијание на законодавното тело, со оглед на тоа дека владејачката коалиција, избрана во јуни 2013 година има силно мнозинство од 84 гласа во 140-члениот Парламент.

Баша истакна дека неговата партија ќе ги оспори пред Уставниот суд сите закони, усвоени од Парламентот во нејзино отсуство.