Опозицијата во Финска со најногу глсови на парламенатрните избори

Опозициската либерална партија Фински центар (КЕСК) освои најмногу гласови на денешните парламентарни избори во Финска, пред конзервативната Национална коалиција (КОК) на актуелниот премиер Александер Стуб, покажуваат првичните резултати од гласањето.

Според резултатите од преброени една третина од гласачките ливчиња, КЕСК е во водство со освоени 23,2 отсто од гласовите, пред КОК со 17,9 проценти.

На третото место е Социјалдемократската партија (СДП) со 17,7 отсто од гласовите, пред десничарската партија Вистински Финци (ПС) со 15,8, Левата алијанса (ВАС) со 7,8 и Зелената лига (ВИХР) со 7,4 проценти.

Финската држвана телевизија ИЛЕ информира дека според првичните проекции, либералите ќе имаат 51 место во 200-члениот Парламент на Финска.

Лидерот на КЕСК, Јуха Сипила во првичната реакција изрази задовоство од резултатите, но нагласи дека се уште не е сигурен дали ќе биде следниот фински премиер.

– Јас сум песимист и не сакам да се разочарам – изјави Сипила, запрашан дали е убеден дека ќе раководи со новата Влада на Финска.