Свет

Опозицијата во Украина ја блокира работата на парламентот

Опозицијата во Украина ја блокира работата на парламентот

Пратениците од опозицијата во Парламентот на Украина ја блокираа работата на законодавниот орган, барајќи оставката од министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко и отфрлајќи ја намерата на владеачите да го усвојат државниот буџет по скратена постапка, изјавил Сергеј Соболев од фракцијата на опозициската партија „Татковина“,пренесоа локалните медиуми.

„Ние инсистираме расправата и усвојувањето на буџетот да има три читања. Затоа ќе инсистираме за прекин на седницата, за да разговараме повторно за ова прашање со раководството на Парламентот“, истакнал Соболев.

Вчера опозицијата изјави дека инсистира на оставка на министерот за внатрешни работи поради употребата на сила против учесниците во протестните акции.

„Нема смисла да го ислушаме министерот во Парламентот, тој мора да поднесе оставка. Ние предлагаме исто така да се создаде привремена комисија што ќе ги испитува случаите на незаконска употреба на сила против демонстрантите“, изјави вчера лидерот на опозициската партија „Удар“, Виталиј Кличко. Тој се закани дека во спротивно опозицијата ќе ги блокира пленарните седници на Врховната Рада.