Опозиционерите ги вратија мандатите, нема да работат ама платите си ги сакаат в џеб

Пратениците на опозициската СДСМ, кои денеска ги вратија мандатите во македонскиот парламент, нема да одат на работа и да работат, но не сакаат да се откажат и од парите кои треба да ги земат од државата, поточно од пратеничките плати.

„Согласно Законот ќе се постапи до крај. Како што знаете, правото на апанажи следува на секои шест месеци, и секако, ако имаат една година, имаат право на апанажа на шест месеци. Ако имаат две години стаж во Собранието, имаат право на апанажа една година – изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев и СДСМ се откажуваат од мандатите, но не и од државните пари. Лидерот на опозицијата признава дека ќе земаат плата, односно апанажа ама не 6 месеци, туку согласно членот 36 од законот за пратеници тој период всушност е една година.

Зоран Заев се повикува на законот за плати на пратениците, кој всушност е укинат со законот за пратеници и член 49.

clenovi_zak

clen-49