И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази

И опозиционерите правници се категорични дека материјалите на Заев, односно аудио снимките не се докази не се докази.

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“, специјалниот јавен обвинител би можел да го стори истото коешто би го сторил и без оваа одлука, категорични се правните ескперти. Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, туку тие се појдовна основа за истражување.

И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази
И опозиционерите правници категорични дека снимките не се докази

Ова е оценката на долгогодишниот адвокат Александар Тортевски, кој важи за близок за опозицијата.

Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, оценува долгогодишниот адвокат Александар Тортевски во изјава за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека и без ова решение, тие докази не можеле да се користат во постапката.

И без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда, вели Тортевски.

Инаку, токму Тортевски во јавноста важи за поддржувач на опозицијата и критичар на владејачката партија, а опозицијата токму него го фаворизира, како човекот што би можел да ја извршува функцијата специјален јавен обвинител.

Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени

Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени
Основен суд Скопје 1: Доказите за прислушување се незаконски прибавени

Во вторникот Основниот суд Скопје 1 по пат на писмено соопштение ја извести јавноста дека ги отфрла материјалите на Заев како незаконски прибавени докази.

Снимките од телефонски разговори приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, велат од Основен суд Скопје 1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.