Опозициска пропаганда наместо студентски протест

На денешниот протест кој повторно беше наречен „студентски“ присуствуваа голем број опозициски политичари, новинари кои важат за блиски на опозицијата и медиумски полтрони и слуги на СОРОС. По завршувањето на протестот на социјалните мрежи дел од нив продолжија со пропагандата со цел да се исценира она што во моментов најмногу му одговара на СДСМ, ситуација на општо незадоволство што всушност претставува само една обична лага и манипулација.

На денешниот протест на студентите во споредба со оној претходниот одржан на 10-ти декември можеше да се забележи далеку помала посетеност. Значително опадна поддршката за Студентскиот пленум кој повторно излезе на протест против воведувањето државен испит на универзитетите. Во организација на Студентски пленум попладнево пред Владата се одржа протест против воведувањето државен испит на универзитетите. Наместо образовни, повеќе се слушаа политички пораки. Курир објави фотографии на кои е забележително присуството на фунционери на СДСМ и луѓе блиски до СОРОС кои повторно беа во првите редови. 

frcko

фото: Курир

Љубомир Фрчковски, Ана Павловска Данева, Ванчо Узунов, Сафет Бишевац се само дел од функционерите од опозицијата кои беа присутни на протестот.

uzunov_thumb_medium500_281

фото: Курир

Денешниот протест го одбележаа повеќе политички отколку образовни пораки, а тоа само по себе покажува дека зад истиот стои опозицијата која со поддршка на новинарите се обидува да заработи политички поени на грбот на студентите. На протестот повеќе се зборуваше за термини кои секојдневно се употребуваат од опозициските челници како за демократија, слобода, фотелји, а не за државниот испит и високото образование.

safet

фото: Курир

Вчерашните пишувања на дел од медиумите дека опозицијата со свои млади активисти ќе се обиде да ги збие студентските редови се остварија. Најавените автобуси од Струмица пристигнаа во Скопје и младината на СДСМ протестираше пред Владата и покрај постојаните манипулации на опозициските медиуми дека полицијата не дозволувала влез на автобусите во Скопје што фотографиите објавени во медиумите директно ги демантираат. Покрај ова дел од новинарите кои важат за блиски на опозицијата по завршувањето на протестот на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии со детални пресметки за посетеноста на протестите.

gerovski_print

Опозициските портали тврдат дека на денешниот протест присуствувале околу 10 000 лица, што претставува голема манипулација затоа што меѓу присутните повторно можеа да се забележат голем број пензионери слично како и минатиот пат, кога со автобус од Куманово во Скопје беа превезувани како поддршка за студентите.

gero_kabranov

Со самото намалување на бројот на студенти кои ги поддржуваат протестите, се покажува дека тие се политички, а не образовни мотивирани. Со политички пароли и опозициски слогани додека поддршката за студентите опаѓа, на секој нареден протест може да се види се’ повеќе политика. Во прилог на ова оди и тоа што новинарите кои важат за блиски на опозицијата и медиумски полтрони и слуги на СОРОС, по завршувањето на протестот на социјалните мрежи продолжија со пропагандата со цел да го исценираат она што во моментов најмногу му одговара на СДСМ, општо незадоволство што всушност претставува само една обична лага и манипулација.