Груевски: Опозициските пратеници нека почнат да си ја заработуваат платата

Опозициските пратеници нека почнат да си ја заработуваат платата. Петнаесет месеци земаа плата без да работат. Нема во Македонија човек што тоа може да го добие. Ова во коментар за враќањето на опозицијата во Собранието, го изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на нова зграда на ОУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.

Петнаесет месеци земаа плата без да работат. Доста беше. Нема во Македонија човек што тоа може да го добие. Доста беше. Нека почнат да си ја заработуваат платата, рече премиерот Груевски, пренесе МИА.

Опозицијата се врати во Собранието

Опозицијата се врати во Собранието
Опозицијата се врати во Собранието

Пратениците од опозицијата по 15 месеци бојкот денеска се вратија во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза, што беше потпишан на 15-ти јули годинава.

Опозициjата, како што е најавено, ќе функционира во Парламентот како една пратеничка група.

Пратениците од СДСМ не учествуваа во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.

Димовски: Оправдување за неработа, за незаинтересираност, за неодговорност нема

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денес се обрати во Собранието. Во својот говор тој истакна дека Република Македонија е парламнтарна демократија во која граѓаните избираат свои пратеници, чија обврска е да ги застапуваат и да одлучуваат во нивно име.

Димовски: Оправдување за неработа, за незаинтересираност, за неодговорност нема
Димовски: Оправдување за неработа, за незаинтересираност, за неодговорност нема

Димовски додаде дека Собранието на Република Македонија е државен орган каде се носат закони, каде се носи Буџет на државата, каде се носат најкрупните одлуки.

Пратениците имаат обврска, која сами ја побарале и за која сами се кандидирале, да бидат присутни овде во Собранието, да дискутираат, да прашуваат, да одлучуваат. Секоја друга постапка, секој бојкот, уцена, деструктивно однесување, секоја блокада оди единствено на штета на државата и на нејзините граѓани.

Оправдување за неработа, за незаинтересираност, за неодговорност нема и не е возможно да има. Но, секоја партија и секој поединец пратеник одлучува за себе и треба да е спремен да ја понесе одговорноста. А за неа ќе одлучуваат граѓаните за само осум месеци, рече Димовски.

 

Изјавата на Димовски во целост проследете ја на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.