Опозициските експерти распалија по СДСМ

Лицата кои во јавноста важат за блиски до партијата СДСМ, отворено распалија против најголемата опозициска партија и нејзиното раководство.

Ваквите напади кои најголемата опозициска партија ги трпи од луѓе кои важат за поддржувачи на нејзината политика, доаѓаат откако лидерот Зоран Заев и целокупното раководство на СДСМ,  наместо причината за лошите иборни резултати да ја бараат  внатре во партијата, односно немањето на квалитетни и издржани проекти кои ќе се понудат на граѓаните, тие продолжуваат во стилот на Бранко Црвенковски, причината за поразот да ја бараат во народот

Меѓу оние кои испратија жестоки критики кон раководството на СДСМ е и поранешниот новинар на А1 телевизија Александар Чомовски, кој прашува за каква храброст зборуваат во СДСМ ако не можат да се соочат со граѓаните и да влезат во избирачкото тело, да го мотивираат.

„Оваа дефиниција на системска кражба на гласови е континуитет на СДСМ и додека не излезат од таа матрица дека се некој друг им е виновен не можат да се свртат кон сопствените грешки, кон пронаоѓање на модел во кој ќе се справат со таканаречениот режим. Ако мислеа дека со раздвоена кампања што можеше да изгледа на прв поглед добра, ако мислеа дека само со понуда „граѓанинот пред се“ може да се освои избирачот, тогаш пораката им стигна“, вели Чомовски.

Сашо Орданоски, кој важи за отворен поддржувач на политиките на СДСМ, во гостувањето на 24 Вести излезе со став дека партијата која ќе ја победи оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е формирана.

„Јас мислам дека на СДСМ можеби ќе му се случи судбината на ПАСОК. Партијата која ќе ја победи оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ се’ уште не е ни  формирана“, рече Орданоски.

Довчерашниот уредник на весникот „Нова Македонија“ Зоран Димитровски смета дека има еден куп партии кои сега ќе одземат од резултатот на Пендаровски во првиот изборен круг, поради што тој очекува СДСМ да освои околу 270.00 гласови на парламентарните избори, што значи дека Заев веднаш ќе треба да си поднесе оставка.

<iframe width=”640″ height=”360″ src=”//www.youtube.com/embed/xxa-Rje9Nro” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

„Може да се случи многу веројатно СДСМ на парламентарните избори да има некоја бројка од 260.000-270.000 гласа и тоа да биде резултат што е за 100.000 помалку од минатите парламентарни избори, што гледано од аспект на тоа како СДСМ минувал на сите претходни избори, ќе треба Заев да си поднесе веднаш оставка. Значи, ако Шекеринска, Бучковски, сите поднесувале оставки и со многу помали резултати и Бранко Црвенковски на крајот на краиштата после локалните избори, тогаш СДСМ навистина е пред еден сериозен распад, осбено што имаше кругови кои ја критикуваа оваа политика на Заев. Може да се случи тие кругови многу сериозно да формираат одредена политичка структура, на крајот да го расцепат СДСМ“, смета Димитровски.

И Бранко Героски, кој отворено пред почетокот на кампањата застана на страната на СДСМ и не ја криеше својата поддршка, незадоволен од резултатот на изборите, својата лутина ја насочи кон агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорги Спасов, блиска до раководството на СДСМ и која на Пендаровски му предвидуваше победа, а наместо тоа, тој изгуби со над 120 илјади гласови во првиот круг од изборите.

Branko_Gerovski_1

Героски два пати по ред го прозиваше Ѓорги Спасов од „Рејтинг“:

Branko_Gerovski_2

Против Заев се сврте и уште опозициски поддржувач, кој на овие избори се реши да се испроба и во политиката. Саше Политико во колумна на својот веб сајт напиша дека СДСМ не може да однесе победа додека го предводи лидер кој дели тендери на најблиските роднини и прави гафови при секое појавување во јавност.

„Не може да се победи режим со лидер кој делел тендери на најтесното семејство и прави гафови речиси на секое интервју, неможе да се победи режим со портпарол кој самиот решавал за тендери во времето на Бране, не може да се победи режим со потпретседател кој склучил тендер со кумановскиот градоначалник, не може да се победи режим со заменик претседател кој е срамно богат и го покажува богатството пред јавноста. Не може да се победи режим со изјави дека СДСМ нема да бидат патриоти, не може да се победи режим со редовни средби со странските амбасадори, не може да се победи режим со албански реклами во кампања“, напиша Политико.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.