Опозициските експоненти ги нарекоа будали сите што скокаат по Светиот крст за Водици

Бранко Героски, уредник на опозициски медиуми и човек кој жолчно ги брани ставовите на СДСМ, викендов безобразно ги навреди сите православни верници од Република Македонија.

Тој исполитизира еден од најголемите празници Водици кој цела Македонија го одбележа вчера, пишува „Курир“.

Имено, Героски преку Фејсбук статус напишан на 17-ти јануари (сабота), ги навреди сите оние кои ќе се фрлаат по Светиот крст и ги нарече “будали“ најголемите македонски верници.

Новинарот близок до Заев и Шекеринска напиша дека „ако види на Водици возбудени сдсмовци и опозиционери од сите бои, како радосно кликаат додека будали скокаат во вода по крстовите што ги фрлаат поповите, ако види такво глупирање, ќе се чувствува многу, многу лошо“!

Прво, Героски кој е еден од најголемите опозициски експоненти, ги навреди сите македонски православни Христијани, за кои Водици е голем празник кој со почит го одбележуваат.

Второ, за уредникот на опозицискиот сајт „ПлусИнфо“, сите верници кои вчера скокнаа во вода по Светиот крст се будали.

Дестици илјади верници од Македонија вчера излегоа покрај реките и езерата ширум земјава да бидат дел од одбележувањето на Богојавление- денот на кој според христијанското предание, Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Кога веќе Героски докажа дека не го почитува македонскиот народ, особено православните верници и кога голем празник поврзува со политика, останува нејасно дали за Героски ќе им се извини на десетици илјади граѓани кои се сбраа покрај водите и реките на Богојавление Водици и дали е свесен дека со тоа нанесува длабока навреда врз верските чуства на верниците од православна вероиспивед.

Ваквиот негов коментар предизвика остри критики и напади и на социјалните медиуми каде Героски се става на столбот на срамот.