Македонија

Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари

Опозициските експоненти сами признаваат дека СДСМ има еден куп медиуми и партиски новинари

Главните медиумски перјаници на СДСМ сами признаваат дека опозицијата под своја контрола има еден куп од медиуми и партиски новинари.

Уредникот на  Мактел, Саше Ивановски-Политико во колумна објавена на порталот признава дека голем број на медиуми се контролирани од најголемата опозициска партија, набројувајќи ги поддржувачите и партиските новинари кои притоа ги обвинува дека имаат вина за “тоа што им се случувало“, пишува Курир.

Ивановски во колумната ги издвојува Бранко Героски како гавно опозициско перо и Владимир Милчин како главен опозициски финансиер и стратег кои ја делат тезата за опозициската доследност до искрениот храбар либерален пристап со народот без оглед на политичките последици, теза која била опозит од неговата теза и настојување да се прилагоди опозицијата на ситуацијата на теренот.

-Оваа теза на Геро и Милчин е поддржана од останатите опозициски новинарски пера: Кабранов од Либертас, Јадранка, Чадиковски и Жоро од Фокус, Ерол од Утрински, Блажевска, Трајковска и Гоце од 24 Вести и нивните соработници од тие медиуми, пишува тој.

Според Ивановски, не може Героски да рони солзи и да се удира во гради колку направил за Кежаровски и за студентите и професорите, кога со години ја убедувал опозицијата во политички стратегии и насоки кои придонесувавале за “пораз на опозицијата и победа за режимот“.

-Затоа да заклучам, вина за се ова што ни се случува имаат и лидерите на опозицијата, Заев, Рада, Андреј, Ивор, Тито, Љубчо а и првите опозициски пера – Геро, Јадранка, Ерол, Жоро, Оливера, Тричко, Кабранов, Блажевска, Гоце и нивните новинарски бригади од Слободен Печат, Фокус, Утрински, Либертас, 24 Вести итн итн (освен Сашо Ордановски кој почна да пишува за промени во стратегијата на опозицијата) а и лидерите на НВО секторот предводени од Владе Милчин, пишува Ивановски.

Опозициските новинари сами си зборат за себе. Нема поголем доказ од тоа еден од најекспонираните новинарски послушници на СДСМ сам јавно да признае дека опозицијата има еден куп на медиуми и партиски новинари под своја контрола, нагласувајќи дека Героски е главниот идеолог, а Милчин главниот финансиер.