Опозициските и соросовите медиуми не запираат со хајките против македонската полиција

Медиумите кои се под контрола на опозицијата и финансирани од соросовата фондација во земјава продолжуваат со хајката против макеоднската полиција, започната уште со самиот старт на пукотниците во Куманово.

 

Откако телевизија Телма првично објави дека терористите биле апсени во цивилна облека и патики и ниту еден од нив немал униформа, креирајќи хајка против македонските полициски сили бидејќи уапсените не носеле униформи, ваквата информација веднаш се рашири на соросовите портали.

На овој начин соросовите медиуми ја продолжуваат пропагандата со дезиниформации, лаги и информации, чија цел е нарушување на имиџот на полицијата, нејзино деморализирање креирање на тензии меѓу граѓаните и сето тоа во функција на политичката агенда на СДСМ.

bertas

Според логиката на опозициските медиуми, најверојатно тоа што уапсените терористи биле во патики и цивилна облека, треба да значи дека немаат врска со терористичката група, односно треба да носат униформи за да бидат дел од неа?!

trener

Претходно, во текот на денот, Соросовата петта колона од нивни медиуми, активисти, експерти од платните списоци оркестрирано започнаа со рафална пропагандна кампања чија цел е да се продолжи со оцрнувањето на полицајците од една страна, а од друга страна поттикнување на меѓуетнички тензии и закрвувања.

Плусинфо на главниот опозицискиот стратег Бранко Героски објавува слики во кои заокружува девојчиња кои наводно биле уапсени со цел да се зголеми тензијата кај албанското население, иако од сликите се гледа дека девојчињата кои се заокружени не се уапсени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.