Опозициските лидери на средба – ќе се утврдува стратегија

Опозициските лидери, Тито Петовски и Андреј Жерновски денеска се на средба со нивниот коалициски партнер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која треба да биде утврдена стратегија за натамошното делување на опозицијата.

Средбата доаѓа по минатонеделните неофицијални информации дека дел од опозициските пратеници се изморени од бојкотот и бараат да се вратат во Собранието.

Според неофицијалните информации кои на Бихаќка не може да се потврдат, средбата на лидерите била закажана за точно на пладне. Потоа, од 13 часот најавена е средба на тројцата лидери и со пратениците кои добија мандат на последните избори.

На 10 ноември истекува рокот по кој собранискиот спикер Трајко Вељаноски може да побара да им се одземат мандатите затоа што не учествуваат во работата на законодавниот дом.

Жерновски  вчера потврди дека има пратеници кои сериозно размислуваат да се вратат во собраниските клупи, бидејќи стравуваат од маргинализирање на улогата на опозицијата.