Опозициските медиуми ги подготвуваат граѓаните за насилни протести?!

Организаторите на протестите во Скопје, СДСМ и Сорос, подготвуваат поголемо и покрваво сценарио. Тоа го потврдија и нивните членови и поддржувачи. Тие јавно, пред камерите, изјавуваа дека она што се случуваше пред Владата во вторникот не е ништо повеќе од најава на тоа што го подготвуваат, пишува Република.мк.

Дека се подготвуваат црни сценарија потврдуваат и објавите на медиумите контролирани од СДСМ, финансирани од Сорос. Тие изминатите два дена објавуваат препораки како граѓаните да се однесуваат за време на насилни протести. Дали мегафоните на СДСМ и на Сорос го најавуваат тоа што, всушност, опозицијата го подготвува?!

plus-info500

libertas500

fokus500