Опозициските медиуми го пишуваат само она што СДСМ сака да го слушне?

Опозициските медиуми продолжуваат со фабрикувани вести кои се покажуваат како целосни невистини, оишува Курир.

Порталот Либертас на Ацо Кабранов на 12-ти август напиша дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за промена на името на државата во пресрет на самитот во Берлин.

Изворите на кои Либертас се повика за нив биле релевантни и веќе одлуката била донесена и единствено се чекал Самитот во Берлин на 20 -ти август и средбата со германската кацеларка Ангела Меркел. Таквата промена, како што пишуваше Либертас ќе била наводно истуркана зад затворени врати, далеку од очите на јавноста.

Истата тема ја превзема и порталот Плусинфо на Бранко Героски и ја обработуваше на насловната страна на „Слободен печат“.

Денеска сме 3 септември, Самитот во Берлин помина на 20-ти агуст и нема промена на името. На површина излезе уште еедна лага фабрикувана од меидумите блиски до СДСМ. Пораките на Меркел во јавноста беа доживеани како шлаканица за СДСМ и апел да се однесуваат конструктивно.

-Во плурална демократија опозицијата треба да ја игра својата улога во парламентарни рамки и мора да сака да го стори тоа, беше наведено во декларацијата.

Втората медиумска патка пуштена од кујните на СДСМ дојде деновиве, кога актуелен стана судскиот процесс за клевета кој премиерот Груевски го води против Зоран Заев. Имено, медиумите блиски до опозицијата, откако самата СДСМ крахираше со сведочењето на сведокот кој тие го предложија, Јовица Стефановик- Нини, излегоа со написи дека наводно македонските служби договориле со српските служби Газда Нини да добие помала казна за Југоремедија ако сведочи во корист на Груевски, а за возрат да биде ослободен Јован Вранишковски.

Според познавачите, ова е уште една голема провидна лага и обид социјалдемократите да се исперат од сведочењето на Нини и матирањето на СДСМ. Згора над тоа, Вранишковски е правосилно осуден на казна затвор.