Опозициските портали добиват голем дел од соросовиот колач

Голем дел од годишниот приход на Фондацијата Сорос се користи за финансирање на портали кои отворено ги бранат политиките на опозицицијата, меѓу кои Плусинфо на Бранко Героски и Либертас на Ацо Кабранов. Покра овие два, уште низа портали блиски до опозицијата се финансираат со соросовите средства, пишува порталот „Денешен“.

Фрапантен е податокот кој може да се види од даночната пријава на Институтот Отворено Општество поднесена за фискалната 2012 година во кој стои дека СОРОС Македонија остварил приходи од  296.866.982 денари односно 4.811.458 евра  за само една година, покажуваат документите кои неодамна ги објави порталот „Курир“.

Од пријавата се гледа дека 116.988.553 денари или 1.896.086 евра се потрошени на име за донации. На даночната пријава стои потписот и името на нејзиниот извршен директор Владимир Милчин.

Порталите Либертас и Плусинфо се чеда на Соросовиот институт отворено општество. Двата проекти се целосно финансирани од Сорос Македонија на Владе Милчин. Либертас е сестрински сајт на Плус инфо. Двата сајта имаат иста адреса на функционирање регистрирана во Марнет. Улица Франклин Рузвелт број 5.

Си признаваат дека земаат пари од Соросовиот Институт Отворено општество, плукаат по Владата

Уредникот на Плусинфо и весникот Слободен печат, Бранко Геровски експлицитно наведе дека СОРОС е финансиер на неговата работа.

Героски во неговата колумна „Ало, дечки, доста трошите пари за глупости“ објавена на Плусинфо, пишува дека одлуката на Соросовата фондација директно да ги поддржува критички критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на овие медиуми.

„Засега единствената фондација која некако пркоси на оваа логика и директно ги помага медиумите е Соросовата фондација – може да се разговара за тоа дали тоа се прави најумесно и најефективно, но нејзината одлука директно да ги поддржува критички критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на последните островца на слободната мисла во оваа земја!“, пишува Героски во колумната.

Героски, кој во јавноста важи за голем критикувач на актуелната власт и силен поддржувач на политиката на СДСМ, појавувајќи се и на неколку митинзи на опозицијата каде имаше дури и свои говори, овој пат јасно го призна она што цела јавност го знае, дека критички настроените медиуми кон власта, меѓу кои е и Плусинфо директно се поддржани од фондацијата СОРОС.

Како и за што се потрошени скоро 5 милиони евра

Познато е дека СОРОС Македонија односно Институтот отворено општество важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз, и повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во насока на креирање на негативно мислење за политиките на владата и креирање на атмосфера за поддршка на опозицијата за што сумата од близу 5 милиони евра им е од исклучителна голема полза.  Тука се вклучуваат и споредните кампањи кои имаат за цел креирање на мислење дека се загрозува слободата во државата, чиј крајна цел е создавање на впечатокот дека Владата е таа која првенствено ја загрозува. Од институтот не може да се добие прецизен извештај за тоа како во детали се потрошени овие пари, но затоа може да се определат организациите кои добиле пари од СОРОС Македонија.

На списокот е Транспарентност Македонија каде актуелни членови се Гордан Георгиев пратеник од СДСМ, Ванчо Узунов поранешен претседател на оваа организација, а сега потпретседател на СДСМ, Ѓунер Исмаил член на повеќе органи на СДСМ, Ферид Мухиќ поранешен советник на Бранко Црвенковски,  Сашо Орданоски и Дане Талески СДСМ.

Потоа друга организација е и МЦЕО-Македонски центар за европско образование каде доскорешен директор беше Лидија Димова, актуелен претседател на советот за евроинтеграции на СДСМ, во оваа организација која добивала пари од СОРОС Македонија е и Лилјана Шекеринска – Ѓорѓевиќ сестра на заменик претседателот на СДСМ која е член на извршниот одбор на оваа организација.

Уште една организација која земала пари од Сорос Македонија е Македонскиот хелсиншки комитет кој е без меѓународна лиценца на Хелсиншкиот комитет кој се затвори од пред  во чиј управен одбор се новинарот Борјан Јовановски, Љубомир Фрчковски кој е член на повеќе партиски совети на СДСМ, и Маргарита Цаца-Николовска која е актуелна претседателка на советот на СДСМ за Советот за политички систем. Искра Гешовска, извршен директор на невладината културна организација „Контрапункт“ , Лина Уновска, сопруга на режисерот и министер во владите на СДСМ Слободан Унковски. Колку од вкупната сума од буџетот на СОРОС за 2012 година која изнесува 4 811 458 евра била распределена за овие организации преставува енигма.

Останува тајна начинот на кој се распределени овие средства и вкупните суми со кој се финансира мрежата на невладини организации и експерти ставени во функција на опозицијата.