Македонија

Опозициските портали жестоко го нападнаа Тони за хуморот, а молчат за навредите на Политико

Опозициските портали жестоко го нападнаа Тони за хуморот, а молчат за навредите на Политико

Медиумите блиски до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, оркестрирано го нападнаа актерот Тони Михајловски, поради неговиот хумор на сметка на опозициската партија, нивниот поранешен лидер Бранко Црвенковски и актуелниот Зоран Заев, пишува Курир.

Настапот на Михајловски на вчерашната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше причина опозициските портали и медиуми жестоко да го нападнат, само поради неговиот хумор на сметка на партијата и политичарите чија политика отворено ја поддржуваат.

На никој од оние кои сега го напаѓаат Михајловски и се загрижени за Бранко Црвенковски не им пречеше кога во едно шоу се потсмеваа со светци, пензионери, споменици на херои, актуелни фунционери, иако тогаш се премина границата на вулгарност и недоличност во неколку пати. Но сега, кога се прави шега на сметка на Црвенковски, истите тие рагираат како погодени во нерв, покажувајќи голема слабост и недостаток на капацитет, но и наметнаа прашање за тоа дали Црвенковски можеби ги држи со нешто во фиока или со некое куферче на рака.

Спoред Курир, истите тие портали, кои сега вршат жесток атак врз Михајловски, молчеа и молчат кога еден од главните промотори на политиката на СДСМ, Саше Ивановски- Политико со низа вулгарности, пцости и недолични зборови секојдневно навредува политичари, интелектуалци, актери, меѓународни претставници…

Тоа што Ивановски секојдневно навредува познати јавни личности до тој степен  што дури им посакува и смрт не е доволно да наиде на осуда од порталите блиски до СДСМ, а сега кога Тони Михајловски направи само хумор на сметка на СДСМ, Црвенковски и Заев, истите тие портали излегоа со жестоки навреди и напади кон актерот.

Во изминатиов период, Политико постојано навредуваше, се потсмеваше со верски претставници, омаловажуваше верски заедници. Ваквиот говор на омраза од страна на Политико беше оправдан од опозициските портали, а сега кога Тони Михајловски само се пошегува на сметка на партијата и политичарите чија политика ја бранат овие портали, тие веднаш оркестрирано го нападнаа актерот. Хуморот на Михајловски на сметка на СДСМ очигледно не им се допадна на социјалдемократите, кои преку своите портали и партиските војници на социјалните мрежи жестоко удрија врз актерот.