Македонија

Опозициско-клановски шеми во Општина Центар! (ВИДЕО)

Опозициско-клановски шеми во Општина Центар! (ВИДЕО)

Соочен со притисокот и незадоволството во редовите на СДСМ и ЛДП по избивањето на скандалот „Буњаковец“, Жерновски е принуден да прави и кадровски смени во секторот урбанизам за да го протурка планот кој треба да финишира со изградба на бензинска пумпа на местото на пазарчето, пишува „Прес 24“.

Порталот дознава дека неколку советници кои не сакаат да бидат соучесници во скандалот и не сакаат да се извалкаат со криминал биле причина Жерновски за високо место во секторот урбанизам во општината да ја подготвува Јулијана Хаџиевска која неодамна била преземена од општина Карпош. Според извори на порталот градоначалникот ја подготвувал за преземање на улогата на главен урбанистички планер во Центар и егзекутор на скандалозниот план за рушење на пазарчето Буњаковец. Хаџиевска важи за блиска не само до Жерновски туку и до Заев. Нејзината ќерка Иванна Хаџиевска е шефица на протокол на лидерот на опозицијата, а зетот Влатко Кошевалиски е поставен за директор на опозицискиот весник Слободен Печат по директно барање на Заев.

Овие рокади во општинската администрација ја прелиле чашата, затоа што жртва на ваквата кадровска политика на бизнис кланот е Антица Сашек, која досега ја извршуваше функцијата за која претендираат Хаџиевски. Антица Сашек, пак, е мајка на советничката Саша Сашек, која не присуствувала на последната седница на Советот зашто била револтирана што нејзината мајка ќе биде жртвувана и деградирана за нечии бизнис апетити.

Ваквиот пристап на Заев и Жерновски со кој целиот плен треба да биде поделен во една мала група на луѓе блиска до нив, доведе до огромен револт помеѓу вистинските, искрени, чесни и долгогодишни партиски активисти кои од друга страна мора да ги исполнуваат хировите на Зоран Заев и на летните горештини согласно партиските директиви треба да бидат присутни во опозицискиот камп.

Во меѓувреме Жерновски свесен дека му е откриен скандалозниот план, тргнал во офанзива, и почнал лично да ги посетува соседите околу пазарчето и ветувајќи им дека преку новите измени во ДУП-от ќе се зголеми и дозволената висина на околните куќи за плус 2 ката. Но во овие непосредни контакти со жителите на околните објекти во Буњаковец, Жерновски и општинските административци наишле на жесток отпор.  Граѓаните  особено биле изреволтирани од најавата дека ќе биде пробивана и сервисна улица од задната страна, за сметка на повеќе објекти за домување.

Ветувањањето на Жерновски дека ќе има помал но затворен пазар, било со викање и груби зборови одбиено, нагласувајки дека не прифакаат изградба на Бензиска пумпа и дека доколку не се стопира измената на ДУП-от незадоволните граѓани ќе се организираат и јавно ќе ја  искажат својата огорченост и незадоволство. Граѓаните биле свесни дека освен тоа што тие и нивните семејства ќе бидат изложени на штетните издувни гасови, лоша миризба и нездрави услови за живеење, истовремено со изградбата на оваа бензиска пумпа нивните куќи ќе се обезвреднат бидејќи никој нема да сака да живее во околина каде се точат бензини и нафтени деривати.

За лицемерието на Жерновски и Заев говори и фактот што кога тие беа опозиција во општина Центар, во октомври 2011 година организараа протести за Зелениот пазар а денес, после 4 години, Жерновски и СДСМ,  од позиција на локална власт во Центар, без тронка срам и еколошка свест, согласно нивните двојни аршини, се обидуваат на местото на „Буњаковец“, да овозможат на нивен близок бизнисмен да изгради бензинска пумпа од која ќе профитираат и тие.

Ако СДСМ и ЛДП  вака се однесуваат Општина Центар, каде ја имаат локалната власт, граѓаните со право се прашуваат како тие би функционирале ако ја имаат централната власт. Граѓаните на Центар секојдневно се разочаруваат од безидејноста на Андреј Жерновски, кој иако ветуваше принципиелни политики во интерес на граѓаните, се повеќе заглавува во сомнителни скандали кои креираат сериозни индиции дека за него е поважен личниот интерес отколку вистинските потреби на жителите на Центар. За бизнис апетитите на Заев и Жерновски нема ниту политичка криза ниту криза на институциите. Кога се пари во прашање, се функционира нормално.