Опозициското лудило и агресија зазема нови димензии – новинар нападнат со шипка

Соочена со фактот дека не успева во замисленото сценарио, опозицијата почнува со насилство, продолжувајќи со сеењето омраза, агресија и закани кон новинарите, но и кон сите кои немаат исто мислење со нив и не ја поддржуваат нивната агресивна политика.

Активистот близок до опозицијата, Петрит Сараќини синоќа во просториитена Македонскиот институт за медиуми со шипка го нападнал дописникот на МИА и ТВ Сител од Брисел, Бобан Нонковиќ.

Нонковиќ, кој е на пост – дипломски студии во МИМ многупати претходно бил вербално нападнат и провоциран од страна на Сараќини, најчесто во просториите на МИМ.

Дел од медиумите утринава го контактирале Нонковиќ кој го потврдил нападот од страна на Сараќини.

– Додека стоев со колегите и разговарав, Сараќини кој се симнуваше по скалите почна да ме навредува и провоцира, сакајќи да предизвика и моја реакција со која потоа ќе може да се направи медиумска фама. Знаејќи ја намерата јас останав смирен. Но, Сараќини најверојатно ја забележа мојата смиреност па откако увиде дека тоа нема да му “запали” зема монопод (метална прачка за поставување на камера) и проба со истата да ме нападне. – вели Бобан Нонковиќ.

Сведоци на настанот биле и професорите кои работат на МИМ како и персоналот кои пристапиле кон смирување на состојбата, но Сараќини не престанувал со навредите, а во еден момент додека го држеле тој почнал и да замавнува кон Нонковиќ со зборовите “Сега ќе те убијам!”.

– Очигледна е се поголемата хистерија на оние кои наводно демократски, а всушност, преку насилство и анархија сакаат да ја преземат власта во Македонија, се поочигледна е паниката на поддржувачите на странските сценарија за Македонија. Не би се изненадил доколку, колегите новинари, јавните личности и останатите кои се таргетирани од овие насилници, да им се случи истото што и на мене ми се случи вчера. Тие веќе се свесни дека и покрај сите нивни напори, помош од странски служби, фондации и пари на Сорос, нивните обиди за насилно преземање на власта пропадна, со што и нервозата во нивните редови се зголемува  – вели новинарот Нонковиќ.

Нонковиќ додава дека не стравува од ништо и никого, и дека по сите овие напади, на крајот ќе се “самозапалат како Монти Пајтон”.

Од МИМ информираат дека тие ќе ги преземат сите законски постапки како и ќе поведат дисциплинска постапка против Петрит Сараќини.

Претходно, уредникот на соросовиот портал „Окно“, Никола Гелевски, кој важи за еден од главните експоненти на СОРОС и СДСМ, целосно збесна во емисијата 24 Анализа, која се емитуваше на 24 Вести.

Во дебатата со аналитичарот Александар Пандов, Гелевски не штедеше на погрдни зборови. Пцовки, закани, навреди беа само дел од срамниот вокабулар на соросовиот платеник, поради што водителот неколку пати се огради од неговите вулгарности.

Стојанче Ангелов, пак, кој во последно време е логистика на СДСМ произнесе скандалозна изјава во која граѓаните ги нарече ненормални, неписмени и кукавици.

„Македонецот е глушец што неуморно и бесмислено трча по внатрешната страна на шупливото вмровско тркало. Македонија емитира мириси како кучка во периодот на парењето. Или ќе се ослободиме од тој вмровски „парфем“ или ќе ни се качат“.

trickovski

Ваква директна навреда кон македонскиот народ во својата колумна упатува Бранко Тричковски, главниот и одговорен уредник на неделниот магазин Глобус во јавноста многу пати поврзуван со СДСМ, чија колумна беше објавена и на порталот Либертас.

За Тричковски, кој претходно пишуваше за „убиство на премиерот во сон“, македонскиот народ, а и самиот Македонец е глушец кој бесмислено трча. Дали токму во ваквата навреда тој смета дека Македонецот и овој македонски народ не знаат и размислуваат за добиените животни предности и поволности, па бесмислено трчаат.

За архитектот Мирослав Грчев сите оние кои говорат за македонска историја и култура се дилетанти и будали.

Изјавите каде македонскиот народ е навредуван и омаловажуван во последно време станаа се почести и тоа од „борците за демократијата“ – идеолозите на СДСМ.