„Курир“ : Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите

Според порталот „Курир“ опсесивноста на СДСМ со владејачката партија пред секои избори е доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите.

Истата тактика, истите лажни ветувања и методи на работа. Социјалдемокртаксиот сојуз пред секои избори наместо со програма, идеи и проекти се натпреварува со закани, покажување силина и опсесивноста со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо со автентично делување кое би било препознаено од граѓаните, се повторува со безидејноста како во веќе нешто видено, пишува денес порталот „Курир“.

Порталот нагласува дека таквата слепа опсесивност на СДСМ со ВМРО – ДПМНЕ, особено истакната и насочена кон премиерот Никола Груевски покажува генерална слабост и криза во опозициската СДСМ, како и немање на капацитет за креирање на здрави политики.

Опсесивноста како психолошка карактеристика е недостаток на самодоверба и почитување што е случај констатиран од аналитичарите како карактеристика на СДСМ. Постојаното дежаву завршува и со катастрофални изборни порази 10 години по ред. Истото го прави и СДСМ пред овие избори.

Пред секои избори први се заканите

Прво се заканува дека ќе апси и дека се работи за режим. „Курир“ потсетува на познатата изјава на Зоран Заев кој тогаш се закануваше дека „живи луѓе ќе јадат и дека ќе бркаат се“.

„Курир“ пренесува дел од изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во интервјуто за опозицискиот Фокус, се заканува дека специјалниот обвинител кој му треба да го ослободи од „Пуч“ ќе поднел и кривични за лица од власта.

Зоран Заев во интервју Фокус, се заканува дека специјалниот обвинител кој му треба да го ослободи од „Пуч“ ќе поднел и кривични за лица од власта
Зоран Заев во интервју Фокус, се заканува дека специјалниот обвинител кој му треба да го ослободи од „Пуч“ ќе поднел и кривични за лица од власта

По заканите следуваат лажните и нереални ветувања

Порталот потсетува дека како следно од СДСМ, како и вообичаено, даваат лажни  и нереални ветувања од позиција кога и немаат што повеќе да загубат. Притоа, „Курир“ потсетува дека Шекеринска ветуваше по еден вработен од секое семејство, а Заев илјадници вработувања во Струмица.


Веќе видено сценарио се и лажните анкети на СДСМ со кои се силат, како и прикажување бројност на митинзите се со цел да се создаде слика дека на тој начин ја имаат поддршката од граѓаните, што пак секогаш на изборниот ден се покажува како вистинско фијаско за СДСМ за кои тогаш, некој друг им е виновен, пишува „Курир“.


Порталот потсетува дека на крајот ваквите тактики на крајот завршуваат со порази и разочарување. И на изборите минатата година наместо програма, идеи и проекти граѓаните беа сведоци на опсесивноста на СДСМ со ВМРО – ДПМНЕ, закани, покажување силина. Изборите минатата година завршија со над 200 илјади разлика, а по завршувањето на изборите во СДСМ владееше тишина.