Општ хаос на фудбалски натпревар во Аргентина

Во натпревар од аргентинската трета лига во фудбалското првенство на оваа земја, се случи несекојдневен настан.

На натпреварот помеѓу Депортиво Рока и Чиполети, фудбалерите на двата тима предизвикаа општа тепачка. Главниот судија Факундо Еспиноза беше несреќниот судија кој мораше да ја дели правдата на овој дуел, а по хаосот кој настана ситуацијата мораше да ја смирува со 12 црвени картони, и тоа по 6 во двата тима.