Општина Аеродром донира 600.000 денари за Србија и БиХ

На вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, што се одржа вчера, членовите на советот едногласно донесоа одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди, поплавите во Србија и БиХ.

Со цел да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 600.000 денари, кои ќе се спроведат преку Црвениот крст на Република Македонија.

Оваа Одлука ќе се примени веднаш по добиеното позитивно мислење од страна на Министерството за правда на Република Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.