Општина Аеродром донира милион денари за поплавените подрачја

Општина Аеродром донесе Одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија.

Со цел да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот Буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија.

Оваа Одлука ќе се примени веднаш по добиеното позитивно мислење од Министерството за правда.