Општина Аеродром ќе формирања регистар за станбени згради

Од утре, на територијата на Општина Аеродром, која е поделена на седум реони, по двајца анкетари ќе почнат со  проектот за броење на сите станбени згради во општината, по што ќе се формира регистар на станбени згради и регистар на управители.

Исто така, за потребите на проектот анкетарите ќе извршат посета и интервјуирање на претседателите на куќните совети.

„Се предвидува анкетирањето да трае не подолго од 30 минути и поради тоа ги замолуваме претставниците на зградите и куќните совети да им излезат во пресрет на анкетарите и да одговорат на нивните прашања“, велат од општина Аеродром.

Целта на овој проект, кој се спроведува во соработка со УСАИД и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, е да се направи регистар на станбени згради во општината и да се воочи актуелната состојба на зградите. Ќе се утврди колку од зградите се енергетски ефикасни и на колку од објектите треба дополнително да се интервенира, со што ќе се подигне јавната свест за значењето на енергетската ефикасност.