Општина Аеродром ќе ја чисти општината од хаварисани возила

Општина Аеродром ги известува жидетлите дека акцијата за подигнување нерегистрирани хаварисани возила опфаќа автомобиликоишто неколку години не се користат и истата се спроведува поради тоа што тие возила претставуваат опасност за жителите, ја нагрдуваат околина и зафаќаат јавна површина (која служи на оние кои ги користат своите возила).

„Исто така, Општина Аеродром апелира до жителите на нејзината територија сами да ги тргнат нерегистрираните возила, со цел да не се изложуваат на непотребен трошок за подигнување на своите возила од паркингот на ЈП „Градски паркинг“,“ известуваат од Општината