Општина Аеродром организира хуманитарна акција за поплавените подрачја

Денеска и утре во ООУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром ќе се организира хуманитарна акција за собирање чиста вода и средства за хигиена, наменети за поплавените подрачја низ Македонија.

Собраните средства во соработка со Црвениот крст ќе се донираат на потребните места.

Од општина Аеродром повикуваат уште еднаш сите заедно да покажеме дека хуманоста е една голема особина која сите ние ја поседуваме!

фото: lider.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.