Општина Аеродром се сели во зградата на „Скопски пазар“

Општина Аеродром од понеделник ќе се пресели во ново седиште.
Новото седиште на Општина Аеродром е на булевар Јане Сандански бр. 109А, во зградата на АД „Скопски пазар“, во близина на ТЦ „Капитол“.

Општината ќе биде сместена под кирија сè додека не се реши изградбата на сопствено седиште преку јавно-приватно партнерство. Во моментот се изработува измена на деталниот урбанистички план, кој треба да биде донесен до крајот на годинава, а во 2016 година преку Министерството за транспорт ќе се објави повик за јавно-приватно партнерство за изградна на нов објект за општината.