Македонија

Општина Центар: ДУП-овите не се донесени законски

Општина Центар: ДУП-овите не се донесени законски

Општина Центар, преку соопштение се огласи дека измнеите на ДУП-овите „Тасино Чешмиче“ и „Капиштец“ кои  вчера се изгласаа на седница на Советот, не се легално донесени, бидејќи според  Законот за локална самоуправа, прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определено со овој или друг закон.

„Со оглед на тоа дека на вчерашната седница поддршка за спорните ДУП-ови дадоа 11 од вкупно 23 советници, плановите не се донесени. ДУП-овите, спротивно на законот, беа поставени на Дневен ред на 23-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Дополнително, со предложените измени, ДУП „Тасино Чешмиче 1″ не може да биде усвоен, бидејќи не е во согласност со ГУП на Град Скопје, донесен од Советот на Град Скопје“, се вели во соопштението за јавноста.

Овие урбанистички планови вчера беа изгласани со 11 гласа „за“ од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. „Против“ гласаше само претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, додека опозициските советници и градоначалникот Андреј Жерновски, во знак на револ претходно ја напуштија седницата. Кворумот за расправа и гласање на Советот се обезбеди со присуството на Шиповиќ, кој деновиве опозицијата  го поосчуваше како „предавник“ кој  ќе ги поддржи за нив „спорните“ детални урбанистички планови, што се покажа како невистина.