Македонија

Општина Центар ги менува бројките за да ја оправда цената на „Боемската улица“

Општина Центар ги менува бројките за да ја оправда цената на „Боемската улица“

Во обидот да се оправда пред јавноста за огромната сума на парични средства потрошени за проектот Боемска улица, Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски се дозаглавија со соопштението испратено пред два дена, кое дополнително ја разбранува јавноста за над 400 илјади евра потрошени за оваа улица, пишува порталот „Курир“.

Во соопштението од Општина Центар беше наведено дека цената на целиот овој проект е 24 милиони денари или приближо 400.000 евра. Жерновски сега ја намали цената на чинење на 24 милиони денари, иако првично во медиумите излегуваше сума од 28 милиони евра, согласно како градоначалникот на општината информираше на прес-конференции.

28-milioni

Покрај сумата, скандалозно е и тоа што исто така се менува и квадратурата на проектот. Во брошурата издадена на почетокот од годинава од Општина Центар за најавени проекти за 2014 година,  Општината навела дека ќе уредува 1.800 метри квадратни на Ѓорѓи Пешков или Боемска, а на 16 септември годинава во соопштение на Општината тие 1.800 метри стигнаа до 2.000 метри, што може да се забележи од самите фотографии.

slika-2 1

Сепак, тука не завршува билдањето на квадратурата. Во соопштението од Центар испратено пред два дена, а именувано како „Фактите наспроти лагите и манипулациите“, наведена е вкупна квадратура од уредени 2700 метри, иако улицата официјално беше  отворена со став дека се уредени 2000 метри квадратни.

slika-3 1

Градоначалникот Андреј Жерновски очигледно не сака никој да го прашува каде одат потрошените пари на граѓаните, а секој кој ќе се осмели да праша во врска со превисоката цена платена од страна на Општина Центар за „Боемската улица“, веднаш е под закана за тужба.

Општина Центар и Андреј Жерновски без никакви закани се должни во интерес на јавноста да дадат одговор на поставените прашања зошто оваа „Боемска улица“ чини многу повеќе од сличните на неа, бидејќи граѓаните треба да знаат за што и како се трошат нивните пари.

Намалувањето на сумата и зголемувањето на квадратурата за да се оправда превисоката  сума потрошена за овој проект не поминува кај граѓаните, кои остро реагираат на ваквото трошење од општинската каса и коментираат дека не може со глумење на навиност и жртва да се привлечат гласови, а притоа никој да не прашува за што е потрошена огромната сума на средства за одреден проект.