Општина Дојран објави оглас за давање под закуп на урбана опрема за летни шанкови

Општина Дојран објави оглас за давање под закуп на урбана опрема за поставување на јавни површини и опремување на летни шанкови за две локации во Стар Дојран – „Градска плажа“ и плажа „Карач“ по пат на електронско јавно наддавање.

Предмет на електронско јавно наддавање се: Урбана опрема  за поставување на јавна површина и опремување и одржување на три летни шанкови  – „Градска плажа“ – Стар Дојран и урбана опрема за поставување на јавна површина и опремување и одржување на два летни шанкови  – плажа „Карач“ – Стар Дојран.

Горе наведените движни ствари  се сопственост на општина Дојран и се издаваат под закуп за времетраење од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.

Право на  учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 09.02.2015 година на адреса на општина Дојран ул„Кеј 5-ти Ноември’“ бб Стар Дојран со назнака за Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на општина Дојран.

Сите заинтересирани субјекти можат да се обратат до општина Дојран заради непосреден увид на движните ствари кои се предмет на закуп, секој работен ден  во рокот определен  во објавата , во периодто од 10:00 -16:00 часот.

Детални информации врзани за објавата може да се добијат во Одделението за општи и правни работи при општина Дојран, како и на веб страницата на општина Дојран www.dojran-info.com.

фото: Република