Општина Гази Баба денеска без вода

Корисниците од општина Гази Баба, во населбите Автокоманада, Ченто и Маџари во ниска зона денеска ќе немаат вода од 7.30 до 20 часот.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради тоа што ЈП „Водовод и канализација“ ќе врши поправка на уличен дефект на булеварот „Александар Македонски“, кај семафорите во Автокоманда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.