Општина Гази Баба и УСАИД продолжуваат да соработуваат во образованието

Општина Гази Баба и УСАИД неколку години имаат одлична соработка во реализацијата на Проекти за меѓуетничка интеграција во образованието.

Градоначалникот Тони Трајковски оствари работна средба со претставници од УСАИД, на која се разговараше за продолжување на соработката со задничко учество во Проектите на УСАИД во училиштата.

И оваа година општина Гази Баба и основните училишта од општината, се избрани помеѓу 10 – те, со кои УСАИД ќе ги реализира предвидените проекти, благодарение на активностите на училиштата и општината и успешноста во реализирањето на претходните проекти.

Исто така, оваа година УСАИД ќе бидат повеќе насочени во делот на промовирање на добрите практики и искуства од спроведените проекти во училиштата, како поттик на оние општини и основни училишта кои досега не биле вклучени во Проектите за меѓуетничка интеграција во образованието.