Општина Гази Баба со хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја

Општина Гази Баба организира хуманитарна акција за собирање вода и хигиенски средства за погодените подрачја од невремето во изминативе денови.

Се повикуваат сите жители и фирми од општината да дадат свој придонес, заедно да помогнеме на жителите од поплавените подрачја во источниот дел на Македонија.

Акцијата се состои од прибирање на донации на вода за пиење и средства за хигиена.

Производите ќе можат да се доставуваат во урбаните и месните заедници Железара, Автокоманда, Маџари 1, Маџари 2, Триангла, Хиподром, Јурумлери и Стајковци, секој работен ден во периодот од 8:00 до 16:00 часот.

Акцијата ќе трае додека е потребна помош за поплавените подрачја.