Општина Ѓорче Петров апелира да се врати мирот по вчерашното убиство

Советот и градоначалникот  на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

Од општина  Ѓорче Петров ги повикуваат надлежните институции во земјава, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги преземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.

„Советот и Градоначалникот  на општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство“, се вели во писменото соопштение до медиумите.