Општина Илинден објави уште една атрактивна локација за инвестиција

Општина Илинден објави една нова атрактивна локација на градежно земјиште, со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање најдоцна до 25 ноември до 16 часот.

Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метар квадратен, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

500Stopanski-Kompleks-Ilind