Општина Илинден со најголем буџет досега

На својата дваесет и седма седница Советот на Општина Илинден го донесе Буџетот за 2015 година, кој што изнесува 459.207.000 денари, што претставува најголем буџет од основањето на Општината.

Основниот буџет за 2015 година  главно го сочинуваат капиталните инвестиции  кои што изнесуваат 63 отсто од вкупните расходи, што ја отсликува развојната компонента на Општина Илинден.

Капиталните инвестиции ќе бидат наменети за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, изградба на патна инфраструктура во локалните економски зони, потоа изградба на фекална канализација за зафаќање, третман и одведување на отпадни води и систем за зафаќање и одведување на атмосферски води, проширување на детската градинка, изградба на објект за амбуланата во Миладиновци, „Изградба и реконструкција на 10 мостови“, модернизација, доградба и реконструкција на основните училишта, проект „10 Домови на Култура“ и уредување на просторот околу домот на култура во „Илинден“, изградба на парк – „галерија на отворено“, изградба на прешачко –рекреативни патеки и  повеќенаменски игралишта, проширување на уличното осветлување…

Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Илинден во Буџетот за 2015 година се во најголем дел oд сопствените извори на финансирање, што претставува 64 % од вкупните приходи на општината.

Во креирањето на Буџетот на Општина Илинден применет е партиципативниот принцип на учество на граѓаните при поставувањето на приоритетите на локалната заедница.