Општина Илинден започна санација на локалните општински улици и патишта

Општина Илинден започна со санација на локалните патишта кои поради интезивните врнежи како и високото ниво на подземни води во зимскиот период значително се оштетија.

Со подобрување на временските услови стартуваа активностите за санација на оштетените делови на локалните општински улици и патишта, согласно Програмата за 2015 година за изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните патишта и улици.

ilindennn (2)

Со активностите е опфатено санирање на оштетените делови на коловозот на главните сообраќајници во општина Илинден со пополнување на асфалтен слој. Овие активности за санација на локалните патишта ќе се реализираат во сите 12 населени места во општина Илинден, со што значително ќе се подобрат условите за движење на учесниците во сообраќајот.

Средставата за реализација на активностите се од Буџетот на Општина Илинден.

Изградбата, реконстукција, рехабилитација и санација на локалните општински улици и патишта е еден од главните приоритети на Општина Илинден, бидејќи квалитетната сообраќајна инфраструктура е еден од клучните индикатори за брз локален економски развој.