Општина Карпош не дели откази поради финансиска криза

По објавувањето на веста дека Општина Карпош врачила отказни решенија на вработени поради финансиската криза во која се наоѓа, од општината ги отфрлија овие обвинувања на дел од медиумите.

„Општината Карпош е секогаш достапна за одговор на новинарски прашања. Во текот на денешниот ден, не исконтактиравме со ниту еден новинар. Точно е дека дел од вработените во Општината им прекина договорот за привремено вработување, но не од причина дека се работи за долгови, туку се работи за непочитување на работните обврски во смисла доцнење на работа како и излегување порано од паузата кое е предвидено во текот на работниот ден, како и евиденција на почетокот и крајот на работното време, кои вработените си ги позајмувале електронските картички меѓусебно за регистрација на работното време“, се вели во демантот.