Македонија

Општина Кисела вода бара логопеди, дефектолози и негуватели

Општина Кисела вода бара логопеди, дефектолози и негуватели

Девет невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Кисела Вода согласно објавениот јавен оглас за нивно вклучување во програмата за општинско корисна работа. Проектот „Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ произлегува од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ.

Согласно истиот, на двајца дефектолози со завршено ВСС – дипломиран дефектолог, двајца логопеди – со завршено  ВСС- медицински факултет, група логопедија и на пет негуватели за деца на возраст до пет години, со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател, ќе им овозможи работен ангажман во  јавните детски градинки и основните училишта на територија на општина Кисела Вода, за период од шест месеци.

Лицата кои ќе се пријават за учество во програмата “Општинско корисна работа“, треба да спаѓаат во категориите на невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година. Избраните кандидати ќе бидат работно ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од шест месеци, ќе добиваат паричен надомест во бруто износ од 6.200 денари месечно, (со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа).

Заинтересираните невработени лица пријавите можат да ги поднесат во oпштина Кисела Вода, од 15.05.2015 година до 22.05.2015 година. Детални информации можат да се добијат во општина Кисела Вода, во барака 8, канцеларија бр. 12, лице за контакт Елизабета Јаневска- проект координатор, како и на интернет страницата на општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.