Општина Кисела Вода подели 45 решенија за легализација

 

Четириесет и петмина жители на скопската општина Кисела вода денеска ги добија своите решенија за легализација.

 

градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ истакна дека по воведувањето на неколку технички мерки во одделението за легализација, општината во просек доделува од 40 од 50 решенија секоја недела.

Откако ги подели решенија таа ги потсети останатите граѓани кои се уште не ги легализирале своите објекти дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни следната година.

“Впрочем, оваа пракса за делење решенија за легализација на неделна основа ја има токму таа функција – да упати апел до сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот”, изјави Беличанец – Алексиќ

Според статистичките податоци на општината, околу 4337 граѓани од Кисела Вода имаат само уште  неколку месеци за да ја комплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.