Општина Штип отвори центар за компјутерска обука

Општина Штип опреми просторија која ќе биде центар за различна обука на деца,ученици,граѓани и пензионери. Истата е опремена со шест компјутери, но во подготовка се уште четири.Во просторијата која се наоѓа во обновеното крило од зградата на локалната самоуправа ќе можат да се постават вкупно 12 компјутери.Со тоа се отвораат можности за обука од различни области, а пред се курсеви за работа со компјутер.

„На првиот курс кој ќе го спроведеме, веќе имаме пријавено 262 ученика од основните училишта и 10 пензионери. Иако сега работиме со шест компјутери, наскоро ќе бидат 12, па во сменска работа ќе има можност за работа во смени и обука на сите кандидати. Крусевите ќе траат два месеца со вкупно 20 часа обука, за основите на работа со персонални компјутери. Обуките ќе се вбршат во континуитет, па што завршиме со овие кандидати, и други граѓани ќе можат да се пријавуваат и да доаѓаат на обука. Нашата цел е да можат што повеќе штипјани да ги совладаат основите на работа со компјутер,“ истакна Ангел Бојаџиев, извршен директор на фондацијата „Лер-ИТ“, која работи на проектот на Општина Штип.