Општина Струмица: Сите јавни набавки се законски

Целокупната тендерска документација, за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена и проверена по неколку пати од институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, при што е констатирано дека јавните набавки се спроведени согласно законите, се вели во реакцијата на општина Струмица на прес конференцијата на Алесандар Колев од ВМРО ДПМНЕ.

„Токму од овие причини објавената документација е достапна и за ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека исклучиво по законски процедури се склучувани договори со фирми, меѓу кои и бројни фирми на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Струмица е пример како се работи законски, одговорно и во интерес на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во афери и скандали кои ја тресат нивната Влада, поврзани со наместени тендери, криење на имот, милионски злоупотреби на парите на граѓаните и корупција на медиумите“, се вели во реакцијата.