Општинските училишта во Берово подготвени за почеток на наставата

Во рамки на подготвителните активности за почеток на второто полугодие на учебната 2014/2015 година, градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински ги посети општинските училишта за да оствари средба со раководните структури на училиштата.

На средбите беше разговарано за тековните активности на училиштата и подготовките за отпочнување на второто полугодие од учебната година.

-И оваа година трите општинско училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Берово во целост се подготвени за продолжување на наставата. За време на училишниот распуст се извршени неколку значајни зафати за подобрување просторните и технички услови.На 20-ти Јануари вратите на училиштата ќе бидат отворени заедно со наставничкиот кадар непречено без никакви проблеми да ги примат учениците на настава, изјави градоначалникот Драги Наџински.