Македонија

Општата болница во Кочани доби нов мамограф

Општата болница во Кочани доби нов мамограф

Софистициран мамограф е набавен во општата болница во Кочани, кој е еден од шестте кои ги обезбеди Министерството за здравство на Република Македонија.

Станува збор за софистициран мамограф за дијагностицирање на болести на дојка. Со неговото ставање во функција пациентките од Кочани нема да треба да одат во Штипскиот клиники центар за преглед, бидејки  дијагностицирањето ќе можат да ги вршат дома.

-Новиот софистициран мамограф што ќе биде ставен во функција деновиве, ќе биде сместен во одделението за рентген техника. Веќе се оспособени лекар и медицинска сестра со што и услугите ќе бидат навремени и квалитетни, истакна директорот на Општа болница во Кочани, Дејан Апостоловски, пренесува МИА.

Карциномот на дојка е едно од трите најчести малигни заболувања кај жените во кочанско.