Општи мерки за превенција од грип

Општите мерки за заштита од грип се мерки кои се насочени кон сите акутни респираторни заболувања и може да се од голема корист, особено ако се применуваат во текот на целиот зимски период:

– Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе (голема густина на престој), особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура!

– Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство!

– Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат!

– Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи!

– Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.

– Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Доколку не се располага секогаш со свежи прехрамбени продукти, може да се користат и мултивитамински таблетарни препарати и зајакнувачи на отпорноста (имунитетот).

– Практикувајте здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржувајте ја физичката и психичката активност, намалете го стресот. Силниот имунитет ќе ви помогне да останете здрави или полесно да се справите со грипот  и заболувањата слишни на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да станете жртви на вирусите и да настинете!

Што ако се разболам од грип? Како да ги заштитам блиските?

Ако и покрај сé се разболите од грип или некоја друга вирусна инфекција слична на грип, тогаш придржувајте се кон следните препораки:

  • Останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има премногу луѓе!
  • Одмарајте се и земајте многу течности и лесна храна!
  • Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни!
  • Ставајте маска/крпа на устата и носот кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате!
  • Мијте ги рацете со топла вода и сапун – често и темелно, особено после кивање или кашлање!
  • Користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете!
  • Избегнување на допирање на очите, носот и устата со раце!
  • Отстранете ги или дезинфицирајте ги загадените предмети од околината адекватно!
  • Проветрувајте ја често просторијата каде престојувате додека сте болни!
  • Одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот!
  • Побарајте лекарска помош доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.