Општина Аеродром ги отстрани дивите пазарџии

Инспекциската служба на општина Аеродром во соработка со комуналната инспекција на Град Скопје, пазарната инспекција и полицијата деновиве организираа акција за отстранување на дивите препродавачи на најфреквентните локации во општината.

-Дивите препродавачи ја попречуваа работата на пазарџиите, кои реагираа до Општината. Дополнително, го отежнуваа движењето на граѓаните на јавните површини со поставување производи за продажба на непредвидени локации. Инспекциските служби пристапија со опомени и акцијата заврши успешно, а јавните површини се исчистени, се наведува во соопштението од општината.

Комуналните инспектори ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата.