четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Општина Аеродром објави тендер за реконструкција на фасади на седум стари згради

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на денешната прес-конференција информираше дека е објавен тендер за реконструкција на фасади на најоштетени станбени објекти на територијата на Општина Аеродром.

аеродром

Поврзани вести

-Минатата година изработивме проекти за реконструкција на 18 фасади, од кои во оваа прва фаза ќе бидат опфатени 7, за кои се обезбедени средства од Буџетот на Општина Аеродром, изјави градоначалникот Коневски.

Станува збор за станбените згради на ул. Петар Ацев број 9, ул. Фрањо Клуз  број 2, ул. 23 Октомври број 14, бул. и бул. АСНОМ број 72, 74, 112 и 114, односно во сите населби во Општината.

unnamed (1)

Зградите на кои ќе им се менуваат фасадите, всушност, беа избрани од страна на стручни екипи, кои претходно извршија анализа на терен. Новите фасади ќе бидат енергетски ефикасни и ќе го задржат автентичниот изглед на зградите.

Во наредните фази се планира да се изврши реконструкција и на другите десетина згради, за кои преку фирмата „Инком“ веќе се изготвени проекти.

unnamed

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, го поздрави овој проект и го оцени како многу важен за заштита на животната средина и за заштеда на буџетите на граѓаните за загревање, бидејќи околу 50 проценти од топлината се губи во зградите со стара градба.

unnamed (3)

Најчитани вести