Општина Центар реконструира три улици во Буњаковец

По триесет години старите улици Апостол Гусларот, Борка Талески и Стеван Јакимов Дедов ќе добијат нов лик.

Ударните дупки за кои граѓаните се жалеа кај градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, им создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност.

Општина Центар ја започна реконструкцијата на коловозот на улица Апостол Гусларот во должина од 110 метри, Стеван Јакимов Дедов во должина од 100 метри и улица Борка Талески во должина од 105 метри.
Вкупната должина на која ќе се рехабилитира коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Со ова, Општина Центар ги довршува отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште Ј.Х. Песталоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.