Општина Центар: Во ниеден момент не е доведена во прашање безбедноста на учениците

Општина Центар преку соопштение ги демантираше обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поради негрижа на градоначалникот Андреј Жерновски е доведена во прашање безбедноста на учениците во основното училиште „Димитар Миладинов“.

– При електричниот дефект во ОУ „Димитар Миладинов“, здравјето и безбедноста на учениците во ниеден момент не било доведено во прашање. Учениците превентивно се ослободени од настава, со цел да се отстрани дефектот и тоа е одговорна и правилна одлука на управата на училиштето, се наведува во соопштението.