Општина Гази Баба и ЕВН забрзано работат граѓаните од поплавените подрачја што поскоро да добијат струја

Општина Гази Баба во соработка со ЕВН забрзано работи на тоа граѓаните од поплавените подрачја што поскоро да добијат електрична енергија.

Досега е пуштено уличното осветлување во Ченто, Инџиково како и на улицата „Алија Авдовиќ” во Сингелиќ.

Напонската мрежа е пуштена во функција во Ченто и Инџиково, а е осветлено и игралиштето во ОУ„25 Мај”.

Онаму каде што не беше оспособена електрична мрежа на неколку локации беа поставени агрегати за напојување со електрична енергија.