Општина Карпош: Активисти на СДСМ од Ѓорче Петров глумеа во Тафталиџе 1

Синоќа бевме сведоци на уште едно деструктивно однесување на СДСМ во Карпош. Немајќи што да им понудат на граѓаните во изминатите четири години, тие вечерва излегоа со повик за протести во Тафталиџе 1, против изградба на станбена зграда, реагира Општина Карпош.

Сокриени зад наводното „Зелено Тафталиџе“, синоќаа, беа присутни педесетина членови на СДСМ отсекаде, но, најмалку од населбата Тафталиџе. На пример, од Злокуќани на помош им дојде Душко Весовски, потоа, од улицата Ловќенска која се наоѓа во населбата Козле е човекот со криминално досие т.н. Саше Амстердам, присутни беа активисти на оваа партија, од Карпош 1 итн. Куриозитет претставува присуството на активисти на Социјалдемократскиот сојуз, дури од населбата Ѓорче Петров.

Повеќе од очигледно е дека граѓаните на Тафталиџе 1 знаат точно што да ценат и да почитуваат, односно тоа што со парите земени од комуналиите од градбите во нивната населба е изградено новото училиште Јан Амос Коменски, реконструирана е спортската сала на истото и направена е атмосферска канализација на улиците Букурешка и Дамаска. Реконструирана е улицата Букурешка со сите нејзини краци, улицата Варшавска со сите краци како и улицата Дамаска.

На улицата Париска е изградена атмосферска канализација и се реконструирани коловозот и тротоарите. Исто така, реконструирани се и улиците Хаванска, Виенска, Нобелова, Петре Пирузе, Ташкентска и Хелсинки, каде се поставени и нови рабници и тротоари. Поставено е ново улично осветлување низ цело Тафталиџе 1, а поставени се и оптички кабли за побрз интернет. Реконструирани се фасадите на трите романски кули, на улица Букурешка и на двете руски згради на улица Варшавска.

За оваа година е предвидена реконструкција на фасадите на останатите три руски згради. Изработен е проект и е распишан тендер за уривање на старата постоечката и изградба на комплетно нова детска градинка „Мајски Цвет“.

Ете затоа граѓаните на Тафталиџе не му веруваат на СДСМ, не ја добија очекуваната поддршка и беа присилени да „зајмуваат“ од своите членови од други делови од Карпош и Ѓорче Петров.

Воедно, СДСМ треба да одговори на прашањето, дали може да ни посочи барем еден квадрат асфалт, еден метар должен канализација, или барем една светилка која е поставена од некој нивен градоначалник? Сите тие немаат ништо конкретно да им понудат на граѓаните на Карпош, освен протести и лаги. Граѓаните на Карпош не живеат од лаги туку од резултатите и подобрувањата на нивните животни услови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.